Познат идентитетот на дел од убиените во Црна Гора, меѓу нив деца на возраст од 10 и 13 години

Макфакс

02/01/2025

09:02

2.565

Големина на фонт

а а а

Ацо Мартиновиќ во масакрот во Цетиње уби 12 лица, меѓу кои и две деца на возраст од 10 и 13 години.

„По вербална расправија со луѓето со кои го поминал цел ден, Мартиновиќ влегол во конфликт со друго лице. Потоа отишол дома, земал оружје, се вратил и го извршил делото. После тоа се оддалечил, а познато е дека убиствата ги извршил на три различни локации“, изјави директорот на црногорската полиција.


Тој додаде и дека ова е втора трагедија што го погодува Цетиње во последните три години. Потврди дека меѓу загинатите има и две деца, додека четири лица се повредени.


Меѓу жртвите кои масовниот убиец, Ацо Мартиновиќ, ги убил во масакрот во Цетиње се и браќата близнаци Милош и Марко Мартиновиќ.

Меѓу убиените е и Марија, сопругата на Марко, објави порталот Радиотелевизија на Црна Гора.


Ацо Мартиновиќ уби најмалку 10 луѓе. Масакрот започнал во кафулето Велестово во Цетиње каде го убил и сопственикот Марко Вулетиќ и неговите две деца на возраст од 10 и 13 години.


„По вербална расправија со луѓето со кои го поминал цел ден, Мартиновиќ влегол во конфликт со друго лице. Потоа отишол дома, земал оружје, се вратил и го извршил делото. После тоа се оддалечил, а до сега се знае дека убиствата ги извршил на три различни локации“, изјави директорот на црногорската полиција.

Полицијата потврди дека меѓу убиените има и членови на семејството на убиецот.

Тој побегнал и по повеќечасовна потрага бил пронајден во населбата Хумци во Цетиње, недалеку од неговата куќа. Тој си пукал во главата и починал од повредите на пат кон болница.

„Полицијата го опколи и направи обрач. Тој беше во безизлезна ситуација, опколен од сите страни. Откако му наредиле да го спушти оружјето, тој си пукал во главата. Откако се здобил со повреди, бил направен обид за транспорт во болница, но им подлегнал на повредите“, рече Шќепановиќ.

Покрај убиените, четири лица се тешко ранети и оперирани во Клиничкиот центар на Црна Гора.