Ева Лонгорија ужива со семејството во Марбеља, а фотографиите во бикини на кои во преден план беше нејзината затегната и витка фигура повторно воодушевија многумина.
За познатата актерка Ева Лонгорија (49) велат дека е една од најубавите жени на светот, а нејзината неверојатна фигура не престанува да маѓепсува и на речиси 50 годишна возраст.
Пред неколку месеци таа реши да ја напушти Америка и со семејството да се пресели во Шпанија, а таму го прослави и Божиќ – и тоа во бикини.
Познатата актерка, најпозната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“, со сопругот Хозе Бастон и нивниот син Сантијаго (6) го поминуваат својот одмор во Марбеља, од каде што објави неколку семејни фотографии, но и засени многу нејзини колешки со потполно природниот изглед.
Актерката со задоволство позираше без шминка, и ги покажала сите „несовршености“ додека седеше во бикини, а нејзината затегната фигура и негуваната кожа лесно се забележуваат, и оправдано се смета за една од најубавите жени во Холивуд.
Лонгорија последните месеци ги воодушевува обожавателите со нејзините совршени модни комбинации на црвените килими, а со оглед на нејзиното неверојатно тело тешко е да се каже која најдобро ѝ прилегаше.