Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите, во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите три месеци, осносно колку поскапеле производите кои што не се опфатени со Новогодишната кошница.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ги повика трговците да ги корегираат цените на оние производи кои се најпотребни во овој период на Новогодишните празници и да им излезат во пресрет на граѓаните.
„Државниот пазарен инспекторат е на терен на воднредна инспекција и врз основа на податоците кои ќе ги добиеме од нив ќе зависи каква одлука ќе биде донесена, дали трговците ќе се корегираат и ќе остане акцијата Новогодишна кошница или ќе бидеме приморани да донесеме одлука за замрзнување на цени или на маржи“, рече Дуемиши.
Министерот уверува дека Владата нема да го толерира однесувањето на трговците и покачувањето на цените на одредени производи на сметка на намалување на други производи кои ги предложија во Новогодишната кошница.
„Сакам да апелирам до сите чинители во целиот овој процес, производители, дистрибутери и трговци да ја покажат општествената одговорност за која зборуваа кога на нивeн предлог ја креиравме оваа акција Новогодишна кошница. Апелирам да ги корегираат цените на оние производи кои се најпотребни во овој период на Новогодишните празници и да им излезат во пресрет на граѓаните. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со зголемување драматично на некои други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, солна и така натаму и така натаму, јајца и слично“, изјави Дурмиши.
Целат на Владата, како што рече, преку општествена одговорност кај компаниите за време на Новогодишните празници да се намалат трошоците за живот на граѓаните преку самоиницијативно намалување на цените на дел од производите кои се најпродавани во време на Новогодишните празници.
„Она што на состаноците го договоривме и добивме уверување од производителите и трговците и дистрибутерите е пред почетокот на акцијата да нема драстично зголемување на цените на овие производи кои ќе ги понудат и да не се зголемуваат драстрично цените на производите кои не се на листата на производи во Новогодишната кошница“, рече министерот.
Оцени дека акцијата во првите денови стартувала успешно, а кај екои производи во кошницата намалувањето на цените било и над 10 проценти. Но, тоа не се случи и кај другите основни прехранбени производи чии цени се драстично зголемени.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно денес рече дека цените кај некои продукти пораснале и до 25 отсто.