[ВИДЕО] ДПМНЕ го пушти Груби да избега: „Случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата, вели Кузеска

Макфакс

24/12/2024

14:09

863

Големина на фонт

а а а

„Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрли вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање, а тоа е: Зошто Тошковски дозволи Груби да избега?“, прашува портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да каже кој е политичкиот договор, но и цената за пуштањето на Груби?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски.

Границата со Косово се потврди дека откога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, таа е главен канал за бегање на криминалците. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар“, одговори Кузеска на новинарско прашање.