[ВИДЕО] Авион од Цирих принудно слета во Грац поради чад во кабината и пилотската кабина, има повредени

Макфакс

24/12/2024

07:10

2.067

Големина на фонт

а а а

Авион на швајцарската авиокомпанија „Свис“, на лет меѓу Цирих и Букурешт, морал вчера принудно да слета во Грац, Австрија поради чад во кабината и во пилотската кабина, соопшти авиокомпанијата.

„Длабоко сме загрижени за здравјето на членот на екипажот, кој со хеликоптер беше пренесен во болница во Грац, чија состојба се уште е неизвесна. Останатите четворица членови на екипажот исто така се под медицински надзор“, се вели во соопштението.

Се додава дека аеродромот во Грац се уште е затворен, а Ербас А220-300 се уште е на пистата.

Летачкиот екипаж одлучил итно да слета во Грац и да го евакуира авионот „по проблеми со моторот и откривање чад во кабината и во пилотската кабина“.

„Во авионот имало 74 патници и 5 членови на екипажот. Авионот слетал безбедно и сите патници се евакуирани“, соопшти компанијата.

Десет патници побарале лекарска помош.

„Во контакт сме со локалните власти и работиме на утврдување на причината за принудното слетување, како и на планирање на следните чекори“, посочуваат од „Свис“, подружница на германска Луфтханза.