[ВИДЕО] Запалил жена во метрото во Њујорк, а потоа мирно продолжил да седи додека таа умирала

Макфакс

23/12/2024

08:29

3.594

Големина на фонт

а а а

Една жена која спиела во метро станица во Бруклин починала откако била запалена во неделата наутро, соопшти њујоршката полиција.

Осомничениот е имигрант од Гватемала кој влегол во САД во 2018 година, додаде полицијата. Тој мирно и пришол на жртвата која била во седечка положба и најверојатно и ја запалил облеката со запалка која за неколку секунди се разгорела.

За гаснење на пожарот била повикана итна помош, но на местото на настанот била констатирана смрт на жената. За тоа време, осомничениот мирно седел на станицата, но неговиот чин бил снимен од камерите и бил препознаен од сведоци.

Засега нема повеќе информации за жртвата. Њујоршкото метро во текот на зимските месеци често е рај за бездомниците кои бегаат од студот. Во Њујорк во моментов времето е студено, а ноќните температури се спуштаат до -10 степени.