Рама: Забраната за TikTok во Албанија не беше избрзана - тука одлуките ги носат Албанците, а не сопствениците на алгоритмот

Точка

23/12/2024

19:42

878

Големина на фонт

а а а

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека забраната за социјалната мрежа ТикТок што ја објави неговата влада „не е избрзана реакција на еден инцидент“.

Тој рече дека владата ќе го затвори ТикТок на една година, обвинувајќи ја популарната видео платофрма за поттикнување насилство и малтретирање, особено меѓу децата.

Властите одржаа 1.300 состаноци со наставниците и родителите по инцидентот во ноември кога тинејџер нападна пријател со нож по расправијата што започна на социјалните мрежи.

„Забранувањето на "TikTok" за една година во Албанија не е избрзана реакција на еден инцидент, туку внимателно разгледана одлука донесена во консултација со родителските заедници во училиштата низ целата земја. ТикТок нема основа да бара појаснувања од Албанија бидејќи во Албанија одлуките ги носат Албанците, а не сопствениците на алгоритмот на ТикТок“, рече Рама.

По одлуките во Тирана, "TikTok" бара „итно појаснување од албанската влада“.


Компанијата објави дека „не нашла докази дека сторителите или жртвите имале профили на "TikTok", а неколку извештаи всушност потврдиле дека видеата што довеле до овој инцидент биле објавени на платформа различна од "TikTok“.

„Тврдењето дека убиството на тинејџерот немало никаква врска со "TikTok" бидејќи конфликтот не се случил на платформата покажува неуспех да се разбере сериозноста на заканите што "TikTok" ги претставува за децата и младите денес, како и образложението зад нашата одлука да одговориме на оваа закана“, рече Рама.

„Албанија можеби е премала за да побара од "TikTok" да ги заштити децата и младите луѓе од застрашувачката замка на нејзиниот алгоритам“, додаде Рама.


Многу млади луѓе во Албанија не ја одобруваат оваа забрана.

„Го откриваме нашето секојдневие и се забавуваме, односно го користиме во слободното време“, вели Самуел Сулмани, 18-годишник од градот Решен.

„Не се согласуваме со таа одлука бидејќи тоа е ограничување за нас“, додаде таа.