Доналд Трамп откри дека принцот Вилијам му кажал дека кралот Чарлс Трети „напорно се труди“ додека продолжува со лекувањето од рак и дека Кејт Мидлтон е добро. Новоизбраниот американски претседател исто така раскажа дека двајцата имале „прекрасен разговор“ во Париз кој траел „малку повеќе од половина час“ и дека на принцот Вилијам му кажал дека е многу убав.
Трамп ги откри деталите од нивниот разговор
Трамп се сретна со принцот од Велс откако и двајцата присуствуваа на свеченото отворање на катедралата Нотр Дам по разорниот пожар во 2019 година. Тие разговараа во резиденцијата на британскиот амбасадор во саботата, а Трамп подоцна ги откри детали од нивниот разговор во интервју за „New York Post“.
Кејт постепено се враќа на јавните настани по завршувањето на третманот за рак во септември, а минатиот петок им се придружи на сопругот Вилијам и нивните деца на годишната божиќна миса „Together at Christmas“ во Вестминстерската опатија. Чарлс во текот на изминатите месеци продолжи со кралските должности, откако во февруари беше објавена неговата дијагноза за рак, откриена за време на болничкото лекување за зголемена простата.
„Изгледаше одлично и јас му кажав тоа“
Трамп изјави: „Имав одличен разговор со принцот. Го прашав за неговата сопруга и ми кажа дека е добро. Го прашав за неговиот татко, и ми кажа дека тој се бори многу храбро. Ми кажа дека ги сака својот татко и неговата сопруга, што беше навистина трогателно“.
„Имавме прекрасен разговор кој траеше половина час, нешто повеќе од половина час. Беше одличен разговор. Тој е згодно момче. Изгледаше навистина, навистина убаво минатата ноќ. Некои луѓе изгледаат подобро во живо. Изгледаше одлично, навистина одлично, и му го кажав тоа“, додаде Трамп.