[ФОТО] Момчето на фотографијата е еден од најпопуларните актери на сите времиња: Можете ли да погодите за кого станува збор?

Точка

25/12/2024

20:24

3.213

Големина на фонт

а а а

Момчето на оваа фотографија стана еден од најпопуларните актери на сите времиња, а станува збор за легендарниот Роберт Де Ниро, кој е роден е во 1943 година, а на фотографијата тој е заедно со неговиот татко, кој исто така се викаше Роберт. Инаку неговите родители се развеле кога тој имал две години, по тврдењето на татко му дека е геј.

Претходно во интервју актерот изјави дека имал убаво детство и дека му е мило што пораснал во Њујорк, меѓутоа го напуштил средното училиште и целосно се посветил на актерството. Во текот на 1960-тите почнува да се занимава со продукција.



По снимањето на филмот „Mean Streets“ во 1973 година, што беше негова прва соработка со Мартин Скорсезе, следуваше улогата на младиот Вито Корлеоне во „The Godfather Part II“, а Де Ниро освои Оскар за најдобра споредна машка улога.


Со Скорсезе повторно работеше во 1976 година на култниот филм „Taxi Driver“. Вториот Оскар го доби за улогата на боксерот Џејк Ламот во „Raging Bull“.



Де Ниро глумеше во речиси 150 филмови, меѓу кои „The Deer Hunter“, „Cape Fear“, „Awakenings“, „Killers of the Flower Moon“, итн. Сè уште е активен во светот на кинематографијата, а многумина сметаат дека е речиси невозможно некој да го надмине во оваа професија.