Синот на познатиот американски актер Џони Деп, 22-годишниот Џек, кој до неодамна работеше како шанкер во либански ресторан во Париз, сега направи пауза од таа работа, пишува „Дејли мејл“.
Сопственикот на ресторанот, Едуард Чуке, за „Дејли мејл“ изјавил дека Џек бил вработен во ресторанот две години пред да одлучи да замине.
“Џек е одличен млад човек. Тој се држи настрана од медиумите, и работеше за нас и во барот и во кујната. Беше одличен вработен, нѐ напушти пред неколку месеци, но очекувам да се врати. Добар персонал е тешко да се најде следната година“, рече Чуке.
Тој додаде дека ресторанот е многу популарен меѓу членовите на модната и музичката сцена, а меѓу гостите често се гледаат мајката на Џек, Ванеса Паради и сестрата Лили-Роуз Деп.
„Лили дури работеше во барот, правеше коктели и навистина уживаше“, додал сопственикот.
Џони Деп и Ванеса Паради имаат две деца, Џек и Лили-Роуз. Тие беа заедно 14 години пред да се разделат во 2012 година. Во 2007 година, во едно интервју, Паради објасни зошто решила да ги одгледува своите деца во близина на нејзиното родно место во Франција.
“Ја избирам Франција за моите деца. Лос Анџелес е одличен, но на југот на Франција можете да живеете многу поанонимно, што е вистински благослов, особено кога децата сѐ уште се мали”, изјавила тогаш таа.
Џек најмногу избегнуваше јавни настапи. Во 2014 година, Џони изјави дека неговиот син не покажал никаков интерес за глума.
„Освен училишни претстави и слично, тој немаше желба да ги следи моите стапки“, рече тој. Лили-Роуз во едно интервју проговори за врската со нејзиниот помлад брат, велејќи дека тие се многу блиски и често поминуваат време заедно дома кога не се зафатени со работа.