Најскапиот филмски предмет: Магичните црвени чевли на Дороти од „Волшебникот од Оз“ продадени за неверојатни 28 милиони долари

Точка

09/12/2024

17:00

2.620

Големина на фонт

а а а

Волшебните чевлички на Дороти се продадени за 28 милиони долари, поставувајќи рекорд како најскапиот филмски предмет продаден на аукција.

Овој пар црвени чевли е еден од четирите преостанати пара од култниот филм „Волшебникот од Оз“ од 1939 година, носени од Џуди Гарланд. Чевлите некогаш биле украдени од музејот каде што биле изложени.


Наддавањето за чевлите започнало со почетна цена од 1,55 милиони долари, а се очекувало да достигнат цена над 3 милиони долари. Сепак, конечната сума изнесуваше неверојатни 28 милиони долари.


Аукциската куќа Heritage Auctions објави дека чевлите ја надминале проценетата вредност во првите секунди од наддавањето. Ниту еден друг пар рубин црвени чевли од филмот не се продал за толку висока сума.

За споредба, еден пар беше продаден во 2000 година за 666.000 долари, додека Стивен Спилберг и Леонардо ди Каприо заедно купија уште еден пар за 2 милиони долари во истата година, кој потоа го донираа на Музејот на филмската академија во Лос Анџелес.


Чевлите не беа единствениот предмет од „Волшебникот од Оз“ што беше продаден на аукцијата. Капата на Злобната вештерка достигна цена од 2,9 милиони долари.

На вредноста на црвените чевли дополнително влијаеше нивната драматична историја – тие беа украдени од музејот Џуди Гарланд во Гранд Рапидс, Минесота, во 2005 година. Тогаш 77-годишниот Тери Џон Мартин ја скршил витрината со чекан и ги грабнал.


Чевлите беа пронајдени дури 13 години подоцна, откако ФБИ доби дојава и ги врати на сигурно.