Познатата холивудска двојка Мила Кунис и Ештон Качер со години не им подаруваат божиќни подароци на своите деца. Иако на прв поглед ова изгледа невообичаено, нивната одлука се заснова врз база на длабоко промислени причини и желбата нивните деца да растат со вистинските вредности.
Кунис и Качер се родители на десетгодишниот Вајат и осумгодишниот Димитри. Но, животот со познати родители не секогаш значи дека децата под божиќното дрво ќе најдат куп подароци. Во едно интервју од 2017 година, Мила Кунис откри како решиле да ги исфрлат подароците од божиќната традиција.
„Наша традиција е да нема никакви подароци за децата“, изјави Кунис за „Etonline“. „Го воведовме ова затоа што, додека децата беа бебиња, тоа не им беше важно. Минатата година, кога го славевме Божиќ, Вајат имаше две години и имаше премногу нешта. Подароците ги донесоа и дедовците и бабите и тогаш сфативме дека децата воопшто не ги ценат подароците. Тие не знаат што сакаат, само очекуваат еден куп работи“, објасни Кунис.
За да го одбегнат дарувањето, Мила и Ештон побарале од нивните родители да го ограничат бројот на подароците.
„Им кажавме: „Ве молиме, доколку треба да подарите нешто, нека биде тоа само еден подарок. Во спротивно, подобро направете донација во нивно име – во детска болница или некое засолниште за животни, што и да сакате. Ова сега е нашата нова традиција“, додаде актерката.
Парот не сака нивните деца да растат разгалени или со чувство дека сè им е сервирано на послужавник.
„Не сакаме да израснеме деца кои ќе бидат непристојни или разгалени“, искрено признаа тие.
Покрај тоа што го одбегнуваат прекумерното дарување за празниците, Мила и Ештон одбија да основаат фондации за своите деца, а Ештон во една прилика нагласи дека „ќе го донира своето богатство во хуманитарни цели“.