Бред Пит очигледно овие празници ќе ги помине без децата, поради што му е многу тешко. Извор близок до актерот вели дека на актерот многу му недостасуваат децата што ги има со Анџелина Џоли и има чувство дека празниците и неговиот роденден „нема да бидат исти“ ако не ги помине со своите деца.
Имено, Бред на 18 декември ќе наполни 61 година, и со сите сили се обидува да собере барем две од неговите шест деца за прославата на роденденот. Бред наводно молел да му се придружат близнаците Нокс и Вивиен за неговиот роденден.
Според извор за „Дејли мејл“, оскаровецот вложил повеќе напори за да го помине специјалниот ден со своите наследници и неговата партнерка Инес де Рамон.
„Бред Пит ги сака своите деца и многу би му значело да ги има покрај себе на неговиот посебен ден. Сепак, ситуацијата не е многу ветувачка. Некои деца сè уште комуницираат со него, додека некои не. Сè е многу комплицирано“, рекол изворот.
Пит и неговата поранешна сопруга актерката Анџелина Џоли имаат три биолошки деца – Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) како и три посвоени деца – Медокс (23), Пакс (21) и Захара (19).
Според медиумите, Медокс и Пакс повеќе не зборуваат со нивниот татко, додека Шајло и Захара наводно повеќе не го користат презимето Пит. Се верува дека само близнаците Нокс и Вивиен сè уште комуницираат со него, иако тој не ги видел во јавноста неколку години.
Физичкото растојание не е пречка бидејќи и Пит и Џоли живеат во Лос Анџелес, на само неколку километри. Меѓутоа, доколку децата одбијат да се приклучат на прославата, Пит планира да патува со својата партнерка Инес, која живее со него во нивниот заеднички дом во Лос Анџелес.