[ФОТО/ВИДЕО] Нападнат Израел, Хезболах истрела 150 ракети: На мета Тел Авив, Ашдод и Хаифа: Луѓето бегаат

Точка

24/11/2024

15:31

1.133

Големина на фонт

а а а

Либанскиот Хезболах денес соопшти дека извршил напад со беспилотни летала и ракети врз воените бази во Тел Авив и на југот на Израел при што истрелале околу 150 ракети, пренесува Франс прес.

Опишувајќи го ова како сложена операција, проиранската организација кажа дека истрелале „ракети и лансирале рој од беспилотни летала“ врз воената база во Тел Авив.

На едно видео се гледа како ракета погодува станбена зграда во Хаифа.

Во посебно соопштение се додава дека беспилотните летала со експлозив биле лансирани врз поморската база во Ашдод во јужен Израел.

Израелските медиуми објавија дека сирените се огласиле во централниот дел на Израел, откако од Либан биле истрелани ракети со долг дострел, додавајќи дека израелската војска ги проверува деталите.

Подоцна беше објавено дека околу десет ракети биле истрелани од Либан кон централен Израел, а неколку биле пресретнати. Засега нема извештаи за повредени.


Малку порано, како одговор на тврдењето на Хезболах дека на мета на дроновите во 9.00 часот била поморската база во Ашдод на југот на Израел, Израелците објавија дека во тој момент не се слушнале предупредувања за беспилотни летала, ниту во близина на границата со Либан во северот, ниту во близина на Ашдод, и дека војската не знаела за тоа.

Сирени се слушнаа во Хаифа како во и северните градови на Израел. Пред тоа, сирените беа активирани во Тел Авив и околните градови и населени места.

Инаку нападите се случија еден ден по израелскиот воздушен напад врз Бејрут, во кој како што велат либанските власти загинаа 20 лица, а 66 беа ранети. Во меѓувреме премиерот на Либан, Наџиб Микати го осуди израелскиот напад како удар врз напорите за прекин на огнот, нарекувајќи го „крвава порака“ против дипломатските иницијативи.

Исто така високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел повика на итен прекин на огнот и имплементација на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, која предвидува повлекување на израелските сили и силите на Хезболах од јужен Либан. ЕУ е подготвена да одвои 200 милиони евра за поддршка на либанската армија, која би ја презела контролата врз областа со присуство на мировните сили на ОН.

Од друга страна либанската армија соопшти дека еден војник загинал, а 18 се ранети во израелски напад врз јужен Либан, додека од почетокот на израелската офанзива на Либан, загинаа повеќе од 40 либански војници.

Според либанските власти, во израелските напади досега загинале повеќе од 3.500 луѓе, а се раселени околу 1,2 милиони жители. На израелска страна загинаа 90 војници и 50 цивили, додека 60.000 Израелци го напуштија северот на земјата од октомври 2023 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг