[ВИДЕО] Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Точка

23/11/2024

15:35

1.784

Големина на фонт

а а а

Иновативната метода за хирургија без рез, позната како иглеста фасциотомија повторно успешно е применета во Клиника Жан Митрев. Д-р Синоличка Џамбазова – специјалист ортопедски хирург, хирург за рака со примена на оваа метода трајно ги реши контрактурите на заглобовите и направи ослободување на тетивите предизвикани од Дипитренова болест во 4 стадиум.

Со ова на пациентот веќе наредниот ден му беше вратена комплетната подвижност и функција на раката.

Претходно кај овој пациент беше спроведена ваква процедура и на десната рака.


За процедурата иглеста фасциотомија д-р Џамбазова има добиено повеќе награди од кои последната беше Прва награда во светот за 2023 година. Оваа метода може да се примени и на други делови од телото како грб, стопало, лакт, колено, за решавање на најразлични патологии.


Клиниката Жан Митрев е еден од ретките центри во светот каде оваа техника се применува во најтешките стадиуми од болеста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг