Шпанецот Родри стана првиот играч од редот за врска по Лука Модриќ во 2018 година кој ја освоил Златната топка.
Ѕвездата на Манчестер сити стигна до својата четврта титула во Премиер лигата оваа сезона, а беше и клучен играч на шпанската репрезентација на патот до титулата европски првак во Германија.
Во интервју за „Ел Хормигуео“, Родри одговори кој за него е најдобриот играч на сите времиња:
„Нема сомнеж. За мене Лео Меси е најдобар на сите времиња. Кога ќе ја прими топката, веднаш знаете дека опасноста е неизбежна. Кога би се соочил со него, би се обидел да му ја одземам топката, но тој би побегнал како да ме нема“.
Меси игра за Интер Мајами од јуни 2023 година. Сезонава на 22 натпревари има 21 гол и 11 асистенции. Во кариерата играше и за Барселона и ПСЖ и освои се што можеше да се освои на клупски и репрезентативен план. Осум пати ја освојуваше Златната топка.