Креспо помирен со судбината: Лаутаро ќе ме потисне на вечната листа

Дерби

21/11/2024

14:15

1.368

Големина на фонт

а а а

Лаутаро Мартинез постигна величествен волеј погодок против Перу, а покрај тоа што истиот донесе победа за Аргентина, воедно му донесе и едно достигнување на кое сигурно е горд.

Капитенот на Интер се израмни на вечната голтереска листа со Диего Марадона и сега со 32 погодоци ја дели петтата позиција, но четвртата е многу блиску и го делат само три гола од Ернан Креспо.

Поранешниот аргентински голгетер е свесен дека набрзо ќе биде потиснат на листата и ќе стане петти најдобар голгетер во историјата на Аргентина, но како што вели самиот, најголем хајлајт за него бил кога го израмнил Дон Диего пред 18 години.

– Јас имам 35 гола, а Лаутаро сега е на 32. Јас не играм веќе фудбал, а тој и тоа како е активен. Приказната е готова и јасно е дека ќе ме потисне.

– Навистина сум среќен за него, бидејќи тој веќе се израмни со Марадона, а за мене тоа е златно достигнување во Аргентина. Јас се уште се сеќавам на денот кога се израмнив со Диего. Тоа беше во 2006-та година на Светското првенство во Германија. Игравме натпревар против Мексико, Рикелме нафрли од корнер, а јас ја допрев топката со нога на поблиската статива. Тоа се спомени кои не се забораваат, – вели Креспо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг