За прекинатиот меч со Косово Романците добија парични казни и победа со службен резултат

Макфакс

20/11/2024

16:35

1.211

Големина на фонт

а а а

Европската фудбалска унија (УЕФА) со службрн резултат 3:0 за Романија го регистрираше прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово одигран во Букурешт. Натпреварот се одигра пред пет дена во рамкина Ц дивизијата во Лигата на нации.

Репрезентативците на Косово, на три минути до крајот на натпреварот се повлекоа од теренот поради провокациите од трибините, односно извиците: „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“. Подоцна го игнорираа повикот на главниот судија да излезат од соблекувалната и да го доиграат натпреварот.

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Косово и парично со 6.000 евра за непримерно однесување.

Европската куќа на фудбалот им изрече бројни казни и на Романците:

Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 30.000 евра поради испраќање провокативни политички пораки кои не се соодветни за спортски настан.

Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 9.000 евра поради фрлање предмети на теренот.

Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 4.500 евра поради употреба на пиротехнички средства.

Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 8.000 евра поради употреба на ласери од страна на навивачите.

Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 12.500 евра поради предизвикување неред при интонирање на националната химна.

Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 14.000 евра поради блокирање на премин/скали на трибините.

Фудбалскиот сојуз на Романија е предупреден за недоличното однесување на нацоналниот тим.

Романија ја освои Групата 2 со 18 бодови и избори пласман во Б дивизијата, додека Косово со 12 бода ќе игра бараж за пласман во Б дивизијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг