[ФОТО] Адријана Лима прошета на модната писта без долна облека и градник: Интимната зона ја покрила само со реси и секој чекор мамел воздишки

Точка

15/11/2024

14:29

11.248

Големина на фонт

а а а

„Божица“, коментирано на Инстаграм појавувањето на Адријана Лима на ревијата на Ели Сааб во Ријад пред два дена. Бразилската манекенка носела два прекрасни фустани на пистата, а на настанот по повод 45-годишнината од работата на либанскиот дизајнер Ели Сааб покажала вистинска доминација во својата професија, рамо до рамо со бројни познати манекенки.

Адријана Лима на публиката ѝ подари луксузен фустан со реси, под кој нема простор за долна облека, а креацијата дизајнирана од Ели Сааб е фантастичен пример за тоа како вешто употребената провокативност може да изгледа ефективно.


Адријана Лима (43) во текот на својата кариера, која трае скоро 30 години, неколку пати соработувала со Ели Сааб, бидејќи многу рано почнала да се занимава со манекенство. Круната на таа соработка било модното шоу кое било осмислено како ретроспектива на делото на либанскиот креатор, односно ода на неговата креативност, која речиси половина век ја комбинира врвната елеганција и гламур истакнувајќи ја женственоста во преден план.


Фантастичен бил и вториот фустан кој го носела модната ѕвезда – креацијата изгледа како најгламурозната венчаница. Модниот настан на Ели Сааб е оценет како далеку погламурозен и поубав од ревијата на Викторија Сикрет, организирана минатиот месец во Њујорк, каде што учествуваше и Адријана Лима, по шестгодишна пауза од пистата.


Лима била во друштво на нејзината позната колешка Хелена Кристенсен, која ја гледате на сликата со неа, Ева Херцигова, Кендис Свонепул, Стела Максвел, додека Хали Бери приредила шоу кое говорело само по себе. Холивудската ѕвезда се појавила во фустанот на Ели Сааб кој го носела на Оскарите во 2002 година во Лос Анџелес, кога била наградена за најдобра актерка во „Monster’s Ball“, како првата Афроамериканка која го добила ова признание.


За музичкиот и модниот спектакл биле задолжени Селин Дион, Џенифер Лопез и Камила Кабело, а меѓу гостите биле и Моника Белучи, која присуствувала на оваа групна фотосесија, заедно со Адријана Лима.


Бразилската и светската модна ѕвезда оваа 2024 година ќе ја памети по големите пресврти во кариерата, се врати на пистата по шестгодини на Париската модна недела, потоа ревијата на Викторија Сикрет со што ја потврди позицијата на водечки модел на денешницата.

Да потсетиме, модната куќа Викторија Сикрет пред еден месец организираше камбек шоу по шестгодишна пауза.




Спонзорирани линкови

Маркетинг