Mасните клетки ја „паметат“ дебелината: Откриена причината за јо-јо ефектот при слабеењето

Точка

20/11/2024

21:21

935

Големина на фонт

а а а

Дури и по драстичното губење на тежината, масните клетки на телото „се сеќаваат“ на дебелината – откритие што може да помогне да се објасни зошто може да биде тешко да се остане во форма по програма за слабеење, често нарекувана како јо-јо ефект.

Тоа сеќавање се јавува затоа што искуството на дебелината доведува до промени во епигеномот – збир на хемиски маркери кои можат да се додадат или одземат од ДНК и протеините на клетките кои помагаат да се зголеми или намали генската активност.

Во случајот на масните клетки, се чини дека промената во генската активност ги прави неспособни да функционираат нормално. Ова нарушување, како и промените во активноста на гените, може да опстојуваат долго по губењето на тежината до здраво ниво, вели една нова студија, пишува „Нејчр“.


Резултатите сугерираат дека на луѓето кои се обидуваат да изгубат тежина често ќе им треба долготрајна грижа за да избегнат враќање на тежината. Ова значи дека можеби ќе ви треба повеќе помош. Тоа не е ваша вина.

Иако одамна е познато дека телото има тенденција да ја врати дебелината по губење на тежината, сепак, како и зошто тоа се случува е мистерија. Новите резултати покажуваат што се случува на молекуларно ниво.

Со цел да се разбере зошто тежината може да се врати толку брзо по губењето, беше анализирано масното ткиво на група луѓе со тешка дебелина, како и контролна група на луѓе кои никогаш не биле дебели. Утврдено е дека некои гени се поактивни во масните клетки на дебелите луѓе отколку во масните клетки од контролната група, а другите гени се помалку активни.

Дури и операцијата за слабеење не ја промени таа шема. Две години по операциите, пациентите изгубиле многу килограми – но генетската активност на нивните масни клетки сè уште покажала шема поврзана со дебелината. Слични резултати биле забележани кај глувците кои изгубиле многу килограми.


Во масните клетки и на луѓето и на глувците, гените со зголемена активност за време на дебелината се вклучени во промовирање на воспаление и фиброза – формирање на тврдо ткиво со лузни. Гените со намалена активност им помагаат на масните клетки да функционираат нормално. Истражувањето на глувците ги проследи овие промени во генската активност до промените во епигеномот, што има силен ефект врз нивото на генската активност, како и дали тие се воопшто вклучени.

Научниците ја тестирале издржливоста на овие промени со воведување на диетата кај дебелите глувци. Неколку месеци откако глувците повторно станаа слаби, промените во нивниот епигеном сè уште беа постојани, како клетките да „се сеќаваа“ дека се во дебело тело.

Не е јасно колку долго телото се сеќава на дебелината. Можеби има временска рамка за таа меморија да избледи, но не знаеме, велат истражувачите.

За подобро да се разберат ефектите од оваа меморија, наречена и јо-јо ефект, биле проучувани масните клетки на глувците кои изгубиле тежина откако биле дебели. Овие клетки апсорбирале повеќе шеќер и масти отколку масните клетки на глувците кои никогаш не биле дебели. Претходно дебели глувци, исто така, се здебелија побрзо на диета богата со маснотии од глувците во контролната група.


Сепак, научниците кои не се вклучени во студијата забележуваат дека тоа не докажува дека епигенетските промени предизвикуваат физички промени кај глувците. Списокот на епигенетски промени во масните клетки има вредност, но ќе биде тешко да се одреди кои се одговорни за продолжената меморија.

„Врската сè уште не е причинско-последична, тоа е корелација… работиме на тоа“, велат истражувачите.

Клучот е да се спречи дебелината воопшто. Луѓето кои губат тежина можат да останат витки, но за тоа ќе треба многу напор и енергија. Наодите од студијата би можеле да помогнат да се отстрани дел од стигмата околу дебелината



Спонзорирани линкови

Маркетинг