[ВИДЕО/ФОТО] Ќерамидница под полициска опсада: Го преживеа и третиот обид за убиство - Раде Штекли е вон животна опасност

Точка

14/11/2024

12:21

4.712

Големина на фонт

а а а

Трет напад кон Раде Трајковски – Штекли се случил утрово, кога во дворот од семејната куќа му била фрлена експлозивна направа.

Полицијата го започна увидот по експлозијата на бомба во двор во скопска Ќерамидница.

Репортерот на Курир од лице место јавува дека пристапот е ограничен, а екипи од повеќе полициски единици се на терен и вршат увид. Околните жители велат дека експлозијата била многу силна и страшна.

- Првично помислив дека можеби е нешто во топланата, но потоа се утврди дека станува збор за фрлена бомба, вели еден од соседите.


Од полицијата претходно излегоа со првична иформација.

Денеска во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа, извести МВР.

Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека е запознаен со случајот и добро е што никој не е во животозагрозувачка состојба во моментов, а лошо е што криминалните банди хараат и денес. Вели дека службите постапуваат.


„Во изминатите неколку години институционално беа засилени одредени криминални групи во Скопје и другите градови, на кои им се прогледуваше низ прсти и им беше овозможувано да работат спротивно на законот, а Јавното Обвинителството отвори постапка за злоупотреба во рамки на институциите, односно за полициски службеници кои оддавале информации и злоупотребувале во интерес на криминалците“, изјави Тошковски најавувајќи војна против криминалците.

Раде Трајковски Штекли е вон животна опасност

Раде Трајковски-Штекли кој беше повреден утрово кога беше фрлена бомба во неговиот двор во Керамидница е вон животна опасност потврдуваат извори во болницата „Св. Наум Охридски“. Околу болницата има зголемено полициско присуство.


Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нема други повредени. Ова е трет напад врз Штекли, кој претходно преживеа два обида за ликвидација во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“.

Фото: 360 степени.мк



Спонзорирани линкови

Маркетинг