Сите верувале дека овој татко на три деца се удавил: Полицијата го барала 54 дена, а потоа дознала шокантна тајна

Точка

14/11/2024

21:40

1.440

Големина на фонт

а а а

Рајан Боргвард (45) од Висконсин исчезнал на 11 август откако отишол на риболов на Грин Лејк. Во текот на вечерта и испратил порака на сопругата Емили дека се враќа на брегот со својот кајак, но тој не дошол дома.

Семејството ја известило полицијата за исчезнувањето и набрзо била организирана потрага во која биле вклучени нуркачи, дронови и кучиња трагачи. На местото на настанот е пронајден превртен кајак, риболовна трска и кутија за мамци, но од мажот немало трага.

Во следните 54 дена, властите го пребарувале езерото, а семејството на Рајан (сопругата и трите деца) нетрпеливо чекало каква било вест.

Бидејќи неговиот автомобил бил пронајден во близина на брегот, констатирано е дека несреќниот човек се удавил, пренесува "Newsweek".

Во текот на октомври, пак, истражителите дошле до информации кои ги шокирале! Се покажало дека тој го пријавил изгубениот пасош ден пред да исчезне – и добил нов во Канада.

Покрај тоа, тој подигнал полиса за животно осигурување од 375.000 долари и ги префрлил парите во странски банки.

Полицијата дознала дека тој купил подарок картичка од една авиокомпанија, а најголем шок е тоа што веќе извесно време се допишувал со жена од Узбекистан.

„Бев зачуден. Неверојатно е што имаме ваков случај. Колку што знаеме, тој е некаде во источна Европа“, изјави шерифот Марк Подол, истакнувајќи дека потрагата по Грин Лејк е завршена.

Не се знае дали Рајан имал помошник, а надлежните нагласуваат дека неговата сопруга немала сознанија.

„Рајан, ако го гледате ова видео, ве молиме контактирајте ја полицијата или вашето семејство. Разбираме дека се може да се случи во животот, но има деца кои сакаат тато да им се врати“, изјави Подол пред камерите.

Доколку ја исценирал смртта – а подоцна се врати во САД, Рајан веројатно ќе мора да ги плати трошоците на властите за стотиците часови поминати во потрага.




Спонзорирани линкови

Маркетинг