Средба на министерот Муцунски со Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти

Макфакс

08/11/2024

11:42

373

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово го прими Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти.

Како што соопштуваат од Министерството, за време на разговорот било изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи кои се одраз на меѓусебно разбирање и искрена почит. Министерот Муцунски изрази благодарност за досегашните реализирани донации заедно со организираните хуманитарни акции кои оставаат траен белег во зацврстувањето на меѓусебните односи.

Во разговорите со својот соговорник, министерот Муцунски ги поздрави континуираните заложби на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта на меѓународната сцена, посебно вреднувани заради вековните заложби за воздигнување на хуманоста и меѓусебното разбирање.

На средбата беа разменети мислења за можностите за потпишување на рамковен договор за соработка кој би можел да овозможи зголемена соработка во повеќе области кои се во согласност со природата на работата на Редот, како здравство, социјална работа, хуманитарни активности, соопшти Министерството.