Есен и сезона на настинки: Ова е заборавениот чај кој ја смирува кашлицата и ублажува болките во грлото

Точка

06/11/2024

15:16

12.364

Големина на фонт

а а а

На некои луѓе не им треба причина да пијат чај, бидејќи тој е дел од нивната секојдневна рутина, особено во текот на постудено време, но чајот навистина има корисни својства.

Во сезоната на вирусни и бактериски инфекции, воспаленото грло не е невообичаена појава, а еден чај е вистинското решение за негово отстранување.

Наместо да посегнувате по куп лекови, запознајте се со благотворното дејство на белиот слез, пренесува „Задовољна.рс“.

Белиот слез (лат. Althaea officinalis) е повеќегодишно растение од семејството на слезови кое може да порасне и до 150 сантиметри во висина.

Латинското име на растението се однесува на неговите лековити својства. Имено, бел слез припаѓа на родот Althaea, чие име доаѓа од зборовите althainein (лекува) и althos (лековито средство).


Најлековитиот дел од бел слез е неговиот корен, од кој се прави чај. Овој пијалак со векови се користи како средство за смирување на воспаленото грло, а помага и кај последиците од бронхитис и разни болести на белите дробови.

Студија од 2019 година покажа дека коренот од бел слез може да понуди брзо олеснување за симптомите поврзани со респираторните состојби.

Тоа е затоа што коренот на бел слез помага да се изгради заштитна обвивка што ја обложува слузницата на устата и грлото, со што се ублажува иритацијата и отокот.

Исто така, може да ги намали и симптомите на сувата и иритирачка кашлица. Неговиот корен ја отпушта насобраната слуз во носот, грлото и белите дробови за полесно да се искашлате.


Поради оваа причина, чајот од бел слез се препорачува како природен лек за болки во грлото.

Подготовка на чај од бел слез


Две лажици сув корен од бел слез прелијте ги со 2,5 дл млака или ладна вода.

Оставете го да отстои барем еден, идеално два часа, за да се формира доволно слуз.

Потоа, малку загрејте го чајот. По желба можете да додадете мед и лимон.