Седум причини зошто почесто треба да консумирате кикиритки

Точка

29/10/2024

19:27

4.522

Големина на фонт

а а а

Кикиритките се една од омилените грицки во светот, а нивното често консумирање може да ви донесе бројни здравствени придобивки.

Покрај единствениот вкус, кикиритките се богати со протеини, здрави масти и разни витамини и минерали, тие можат да го поддржат здравјето на срцето и да помогнат во закрепнувањето на мускулите.


Една препорачана порција кикиритки од 30 грама содржи приближно 160 калории, 14 грама масти, 48 милиграми магнезиум, пет милиграми натриум, седум грама протеини и 4,5 грама јаглени хидрати.

Одличен извор на растителни протеини

Нутриционистката Дестини Муди истакнува дека 100 грама кикиритки содржат 25 грама протеини. Оваа висока содржина на протеини ги прави кикиритките фантастична опција за оние кои сакаат да го зголемат внесот на протеини, особено за вегетаријанците и веганите. Покрај тоа, аминокиселините во кикиритките го поддржуваат обновувањето и растот на мускулите, што е од суштинско значење за секој кој води здрав и активен начин на живот.


Можат да го подобрат здравјето на срцето

Истражувањата сугерираат дека вклучувањето јаткасти плодови како што се кикиритките во исхраната може да биде одличен начин за заштита на вашето срце додека уживате во ужина преполна со хранливи материи.


Диететичарката Џана Маси истакнува дека кикиритките содржат висок процент на мононезаситени и полинезаситени масти, кои се корисни за здравјето на срцето. Овие масти помагаат да се намали лошиот холестерол, што на крајот го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочниот удар.

Богати се со магнезиум

Многумина луѓе не внесуваат доволно, додека кикиритките значајно го зголемуваат неговото ниво во организмот. Една порција кикиритки обезбедува приближно 30 проценти од нашата дневна потреба за магнезиум. Националниот институт за здравје на САД, вели дека кикиритките можат да помогнат во одржувањето на здравјето на коските, кардиоваскуларната функција и здравиот нервен систем.


Ја поддржуваат здравата контрола на телесната тежина

Благодарение на нивнатa хранливост, кикиритките можат да бидат корисни за контрола на тежината. Диететичарката Маси раскажува како кикиритките можат да го поттикнат чувството на ситост, што помага во контролирањето на апетитот намалувањето на севкупниот внес на калории. Мастите во кикиритките исто така поспоро се варат во организмот, што го продолжува чувството на ситост, а тоа може да биде корисно за контрола на тежината.

Помагаат во борбата против воспаленија


Воспаленијата се поврзани со многу хронични болести, а студиите покажаа дека кикиритките содржат соединенија кои помагаат во борбата против овој проблем. Кикиритките содржат бројни антиоксиданти, како што се п-кумарна киселина и ресвератрол, кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес во телото.

Можат да го подобрат здравјето на дигестивниот систем


Кикиритките се одличен извор на влакна, кои претставуваат клучен нутриент за здрава дигестија. Кикиритките ја поддржуваат здравата дигестија поттикнувајќи го редовното празнење на цревата и спречувајќи ја појавата на запек. Влакната, исто така, го поддржуваат здравиот цревен микробиом, кој го подобрува здравјето на дигестивниот систем и имунолошката функција.

Можат да помогнат во регулација на шеќерот во крвта

Високата содржина на масти и влакна во кикиритките помага во контролата на нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажуваат дека консумацијата на јаткасти плодови, вклучувајќи ги кикиритките, може да помогне во спречување и справувањето со дијабетес тип 2.


Мастите во кикиритките го успоруваат варењето, спречувајќи скокови на шеќерот во крвта кога се консумираат со друга храна, особено онаа која е богата со едноставни јаглехидрати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг