[ФОТО] Моден Викенд Скопје го заврши својот 29-ти последен ден со стил, софистицираност, но и хуманост

Точка

29/10/2024

11:14

1.582

Големина на фонт

а а а

Последниот ден на 29-тиот Моден Викенд Скопје донесе извонреден спој на креативност, заедница, но и филантропија. Денот започна со SHOWROOM FWSK & Lab: Design Market, каде модните ентузијасти се најдоа во креативно окружување исполнето со ексклузивни дизајнерски парчиња и инспиративни дизајнери. Овој пазар на дизајн го потенцираше слоганот „Модата е вечна“ и ја истакна посветеноста на настанот кон одржливоста и поддршката на локалните креативци, отворајќи платформа за дијалог за модната одговорност.

Вечерта кулминираше со значајниот настан – Wear the Change: Fashion Auction with a Cause, добротворна аукција во рамките на кампањата „Денови за донирање“ на Конект.


На специјалното шоу водено од гласноговорникот на кампањата денови за донирање Огнен Јанески и Никола Трајковски од Конект, над 120 присутни, вљубеници во модата и филантропијата се наддаваа донирајќи за мало богатство на дизајни на Никола Булески, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, „Алшар“ на Силвија Михајловска, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Катерина Тошева, Terziya, „Bella“, „Milkbride“, Александар Стојанов - Зорин и студентите на „Скала“: Сара Величковска, Михаела Штерјова, Татјана Гиновска, Марија Трајковска, Снежана Ефковска под менторство на Никола Булески, Александар Ношпал, Катерина Тошева и Антонија Гугинска Јорданоска.


Секој купен дизајн значеше и поддршка за Фондот за филантропија и неговите иницијативи за превенција на пожари, технологија за деца со попречености, помош за пациенти со рак и едукативни програми за младите.



Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од здружението „Конект“, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.



Со оваа филантропска вечер, 29-тиот Моден Викенд Скопје докажа дека модата може да биде двигател за позитивни промени и поттик за свесност во заедницата. Четиридневната програма остави силна порака – „Модата е вечна“ само кога е одговорна и инклузивна, нудејќи инспирација за иднината на модната индустрија како етичка и одржлива сила во општеството.


Овој настан, кој одамна ги има надминато националните граници и го носи светот дома, ја заокружи четиридневната прослава на одржливоста и општествената одговорност со теми кои беа во срцето на овогодинешното издание. Настанот, под слоганот „Модата е вечна,“ се потврди како платформа за промоција на еко-свесни и етички пристапи кон модата, спојувајќи ги локалните таленти со глобалните искуства.







Моден Викенд Скопје се заблагодарува на сите свои партнери и поддржувачи:

Официјална локација на настанот: Културниот Центар Лабораториум

Официјален пијалок: Tanqueray London Dry – глобален бренд на џин, познат по својот посебен и класичен вкус; Johnny Walker – најпознатото шкотско виски на светот, бренд роден од страст и верба; DON JULIO – врвен бренд на текила, основан од Дон Хулио Гонзалес во 1942 година во Мексико, омилена меѓу љубителите на текила.

Schweppes – врвен освежителен пијалак со софистициран вкус, омилен меѓу оние кои бараат освежување со стил.

Официјален парфем: Мартимекс со Версаче

Официјален партнер за шминка: Revlon, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“.

Официјален партнер за фризури: бренд Got2be, Пегли и Фенови за коса Philips, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“.

Партнер за грижа на ткаенините: Perwoll Renew.

Официјален оброк на моделите се Имлек Протеин - Моќ на дофат!

Проектни партнери: Green Land Group, Обуќа Метро, MG ART, KP Chairs, Хотел Тимс, Аманти паста и вода Маyа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг