[ФОТО] 10-те најскапи фустани на Кејт Мидлтон: Принцезата умее да купи работи и од 20 евра, но и да заблеска во парчиња вредни речиси половина милион долари

Точка

18/10/2024

15:16

1.008

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, е позната по тоа што инвестира во луксузни креации кои ги носи одново и одново. Иако често добива пофалби за нејзините модни избори, како парчиња „достапни“ за сечиј џеб, се чини дека таа умее да се опушти понекогаш и да блесне во фустани кои вредат илјадници, ако не и стотици илјади долари.

Кејт Мидлтон се труди нејзината гардероба да биде во согласност со еколошките стандарди. Таа дури и своите деца ги облекува во облеката која ја наследила од нејзиниот постар брат, додека пазарува и во некои продавници познати по поевтините парчиња кои се достапни за нас обичните смртници. Сите се сеќаваме кога продефилира со накит од извесен „fast fashion“ бренд кој го платила само 20 евра и апсолутно засени сè! Иако се труди да биде штедлива, Кејт не се откажува од луксузот и носи и раскошни фустани од кои застанува здивот.

Во продолжение, десетте најскапи фустани на принцезата Кејт на сите времиња.

10. „Џени Пекам“, 5.500 – 7.600 долари


На премиерата на филмот „No Time to Die“, Кејт носела капа-фустан покриен со кристали и светки, кој веднаш стана легендарен.

09. „Долче и Габана“, 5.995 долари


Фустанот од тантела што ги воодушеви сите присутни, виден на Кејт двапати – на саемот за коњи во Виндзор и на „Royal Ascot“ во 2016 година.

08. „Александар Меквин“, 6.000 долари



Во Париз таа заблескала во црн фустан без ракави со длабоко V-деколте.

07. Дизајн на „Џени Пекам“, 6.300 долари



Во златниот фустан од 2012 година, Кејт засенила на наградите „Tusk“ во септември 2023 година.

06. „Александар Меквин“, 7.495 долари


На нејзината канадска турнеја во 2016 година, Кејт носела црвено-бел фустан со вез.

05. „Александар Меквин“, 10.000 долари



Таа го носела овој црн цветен дизајн на наградите „BAFTA“ во 2017 година и повторно во 2019 година.

04. „Шанел“, 10.800 долари


За време на посетата на Париз во 2017 година, Кејт носела стилски капут-фустан од колекцијата на „Шанел“, со соодветен ремен и винтиџ чанта.

03.„Александар Меквин“, 14.000 долари


На венчавката на нејзината сестра Пипа, Кејт носела розов фустан, во совршен склад со свечената прилика.

02. „Филипа Лепли“, 14.500 долари


Кејт ги воодушевила присутните во тиркизно синиот фустан инспириран од океанската средина. За дочекот во одморалиштето Баха Мар, принцезата заблескала во сатенска тоалета од дизајнерката Филипа Лепли. Фустанот во бојата на лагуната потсеќала на кристално чистите води на Карибите и вовела примеси на егзотика.

01. „Александар Меквин“, 323.000 – 434.000 долари


Историската венчаница на Кејт од тантела и свила го зафати светот, оставајќи незаборавен белег во модната историја.

Иако Кејт можеби нема повторно да ја носи својата венчаница, многумина се надеваат дека можеби принцезата Шарлот еден ден би можела да направи модифицирана верзија на исконската креација за нејзиниот голем ден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг