Три вообичаени грешки кои значително ги уништуват интимните одоси: Што всушност е проблемот?

Точка

12/10/2024

21:57

4.804

Големина на фонт

а а а

Сексот е важен, но понекогаш и комплициран дел од романтичните врски. Експертите открија вообичаени грешки кои го расипуваат сексот, а со тоа и врската.

На прво место е игнорирањето на потребите и границите на партнерот.

„Кога интимноста ќе стане еднострано искуство каде потребите на едната личност имаат предност пред задоволството на другата личност, тоа може да доведе до раскинување“, изјави сексологот Кејти Флауерс за „Daily Mail“.


Сексологот Анабел Најт наведува дека доколку за време на сексот размислувате само за себе и не го земате предвид задоволството на партнерот, вашите сексуални односи целосно ќе бидат нарушени.

Друга честа грешка е ако упорно барате од партнерот да направи нешто што тој или таа не сака да го направи. Синди Галоп, основач на сајтот „MakeLoveNotPorn“, рече дека ова најчесто се случува кога мажите ги убедуваат жените да имаат анален секс.

„Мажите сакаат анален секс, но вие не можете да го добиете ако не го сака вашиот партнер. Исто така, нема да го добиете со молење, велејќи и дека 'сите' го практикуваат или ѝ испраќате порно видеа“, рече таа.


Наместо тоа, советуваше да се фокусирате на угодување на другата личност на секој начин. Ако успеете во ова, другата личност веројатно ќе биде повеќе склона да пробува нови работи.

Трета вообичаена грешка е тоа што луѓето мислат дека постои правилен начин на кој треба да имаат секс.

„Лесно е да се грижите дали правите нешто погрешно, но запомнете дека сексот е само поврзаност и задоволство“, истакна Најт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг