[ФОТО/АУДИО] Осамна аудиоснимка од полицијата, хотелскиот работник пред трагедијата на Лиам Пејн бил во паника: „Собата има балкон, загрижени сме“

Точка

17/10/2024

13:24

2.179

Големина на фонт

а а а

Поранешниот член на поп бендот „One direction“, Лиам Пејн, на трагичен начин го загуби животот на само 31-годишна возраст.

Пред да ја доживее несреќата паѓајќи од третиот кат на хотелот Каса Сур во Буенос Аирес, хотелски работник упатил драматичен повик кон полицијата, барајќи помош.

Паника и страв ги обзеле вработените во хотелот, додека се обидувале да спречат да се случи несреќата.

Според објавените детали од разговорот, рецепционерот на хотелот, кој се претставил како Естебан, прво повикал итна помош, велејќи:

- Вработениот во хотелот: „Добар ден. Се јавив предмалку, но врската се прекина. Се јавувам од хотелот „CasaSur Palermo“, адреса Коста Рика 6032“.

Оператор 999: „Што се случило?

-Вработениот во хотелот: „Имаме гостин кој е под дејство на дрога и алкохол. Кога е свесен, уништува сè во собата. Ни треба некој, ве молам, испратете помош. 

Оператор 999: „Под дејство на дрога и алкохол, велите?“

- Вработениот во хотелот: „Да, точно. „

Оператор 999: „Рековте Коста Рика. Кој е бројот?“

- Вработениот во хотелот: „Коста Рика 6032“.

Оператор 999: Тоа е Буенос Аирес, помеѓу Аревал и Крамер, нели?

- Вработениот во хотелот: „Да“.

Оператор 999: „Рековте дека е хотел, како се вика?

- Вработениот во хотелот: „CasaSur Palermo“. Потребно е веднаш да испратите некој бидејќи не знаеме дали гостинот е во опасност. Собата има балкон и малку сме загрижени дека тој може да си направи нешто“.

Оператор 999: „Колку долго е таму? Дали е резиденцијален хотел?“

- Вработениот во хотелот: „Не, два-три дена е тука“.

Оператор 999: „Разбирам. Не знаете повеќе информации бидејќи не можете да влезете во собата, нели?“

- Вработениот во хотелот: „Не“.

Оператор 999: „Ќе ја известиме медицинската служба, добро?“

- Вработениот во хотелот: „Да, ве молам само веднаш испратете некого“.

Оператор 999: „Дали има други информации што можете да ги дадете? Кој сте вие, менаџер?“

- Вработениот во хотелот: „Јас сум менаџер на рецепција“.

Оператор 999: „Вие сте моментално одговорен?

- Вработениот во хотелот: „Да“.

Оператор 999: „Како се викате, господине?“

- Вработениот во хотелот: „Естебан“.

Оператор 999: „Во ред, ова е пријавено. Ви благодариме што нè известивте. Можете да ја прекинете врската сега“.

- Вработениот во хотелот: „Ќе испратите и полиција?

Оператор 999: „Полицијата за областа во која сте? Само момент. Тоа е областа 14.“

- Вработениот во хотелот: „Не, само испратете медицинската служба“.

Очигледно вознемирен, тој истакнал дека Пејн се однесувал ирационално и дека има загриженост дека може да се повреди себеси или другите. Кога сфатиле дека во собата има балкон, персоналот на хотелот веќе бил во паника бидејќи почувствувале дека може да се случи трагедија. Непосредно по повикот, хотелските работници слушнале силен тресок во дворот и го откриле телото на Пејн. И покрај брзата реакција на итната помош, повредите кои ги здобил при падот од височина од 14 метри биле фатални. Шокираните обожаватели почнале да се собираат надвор од хотелот, носејќи цвеќе и палејќи свеќи во знак на почит кон пејачот кој прерано го загуби животот.


Инаку, како што пренесуваат светските медиуми, на социјалните мрежи се појавија наводни фотографии од луксузната соба на Лиам.

Сликите од неговата соба покажуваат скршен телевизор, прашкаста материја за која се верува дека е дрога, и разни други предмети, вклучувајќи свеќи, алуминиумска фолија, изгорена лименка, запалка и повеќе расфрлани предмети низ просторијата. Фотографиите наводно се преземени од локални аргентински медиуми, а нивната автентичност сè уште не е потврдена. Сепак, социјалните мрежи брзо ја споделија оваа информација.

Трагичниот настан ја потресе јавноста но и неговите колеги и пријатели од светот на музиката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг