[ФОТО] Исидора и Сергеј Трифуновиќ склопија и граѓански брак: „Со тебе би можел да се венчавам секој месец“ – Актерот како никогаш помлад и посреќен

Точка

17/10/2024

11:42

2.294

Големина на фонт

а а а

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вчера на својот Инстаграм профил објави фотографии од венчавката кај матичар. Тој во три одделни објави споделил моменти од свадбената церемонија со Исидора, неговата сопруга која е помлада 23 години од него.

„Со тебе би можел да се венчавам секој месец“, напиша тој во описот на една од објавите, каде заедно позираат во лифт.

За оваа прилика Исидора Мијановиќ носела доилг виолетов фустан од сатен, виолетово палто во слична боја и бели чевли, додека актерот се одлучил за црни панталони и бела кошула.


Двајцата веќе имаа црковна венчавка во мај, по што организираа ручек за семејството и блиските пријатели. Многумина не беа свесни за нивната врска, па беа изненадени кога Сергеј во март ја објави свршувачката со Исидорa.


Во оваа прилика се огласи и неговата сопруга Исидора, која сподели видео на Инстаграм, во која Сергеј и Исидора се возат во непознат правец додека во заднина се слуша песната на Френк Синатра „Days of wine and roses“. Видеото е во црно-бел формат, а на него стои натписот „Штотуку венчани“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг