Најноциот предводник на "Google", "Pixel 9 Pro XL" ги загрижува корисниците со поставките за приватност и безбедност. Всушност, истражувањето спроведено од "Cybernews" откри дека уредот често испраќа приватни податоци до "Google" без оглед на тоа кои апликации се инсталирани. Откриле и дека постои можност за далечинско управување на уредот без знаење или согласност на корисникот.
"Google" вели дека трансферите на податоци се неопходни
"Cybernews" го анализираше веб сообраќајот на новиот телефон "Pixel 9 Pro XL" и откри дека на секои 15 минути испраќа податоци до "Google", вклучувајќи локација, адреса на е-пошта, телефонски број и статус на мрежата. Уредот, исто така, повремено се обидува да преземе и изврши нов код, што потенцијално отвора безбедносни ризици.
"Google" одговори на овие тврдења дека преносот на податоци е неопходен за да се обезбедат услуги на сите мобилни уреди без оглед на производителот.
Според "Cybernews", клучни проблеми се следните:
- испраќање приватни информации, како што се адреса на е-пошта, телефонски број и локација, дури и кога GPS и другите услуги се исклучени
- уредот често бара нови конфигурации и се поврзува со далечински контролни точки, што укажува на можноста за далечинско управување, вклучувајќи инсталирање и деинсталирање апликации без согласност од корисникот
- услугите како "Google Photos" и "Voice Search" контактираат со нивните сервери без експлицитна дозвола од корисникот дури и кога не се користат.
Податоците, наводно, не се споделени со трети страни
"Cybernews" користеше техника „man in the middle“ за пресретнување на комуникациите помеѓу уредите и серверите на "Google" и откри низа податоци што се споделуваат без знаење на корисниците, вклучително и повремени обиди за преземање нов софтвер.
Користејќи ја техниката "man in the middle" (MITM), тимот на "Cybernews" се постави меѓу двете страни кои комуницираат за да ја следи комуникацијата во реално време. Во овој случај, двете страни се "Pixel 9 Pro XL" и "Google".
Едно од загрижувачките наоди покажа дека апликацијата Калкулатор може да ја открие историјата на пресметките дури и кога телефонот е заклучен, што претставува потенцијален безбедносен ризик.
Од друга страна, за време на истражувањето немаше индикации дека податоците се споделуваат со трети страни, а "Google објаснува дека преносот на податоци е неопходен за да се обезбедат легитимни услуги, како што се ажурирања на софтвер и персонализирани функции.