Не заборавајте да го направите ова кога ќе ја бришете историјата на пребарување на Интернет

Точка

07/10/2024

17:10

7.858

Големина на фонт

а а а

„Google“ сè уште ќе ги складира вашите податоци некаде, освен ако не ја избришете историјата на пребарување од вашиот профил на „Google“.

Дури и денес, многу корисници не знаат како правилно да ја избришат историјата на пребарување од нивниот прелистувач, иако „Google“ складира податоци за тоа како го користите Интернетот од 2005 година.

Корисниците на „Chrome“ лесно можат да го направат тоа во веб-прелистувачот со кликнување на трите точки во горниот десен агол или со притискање на „Control + H“ на тастатурата.


Ако не сакате технолошкиот гигант да ги чува вашите податоци некаде, треба да ја избришете историјата на пребарување од вашиот профил на „Google“. Еве како можете да го направите тоа.

Отворете го пребарувачот „Chrome“, кликнете на фотографијата на вашиот профил во горниот десен агол, потоа во делот My Google Account, во полето за пребарување на горниот дел од екранот, побарајте ја опцијата „My Activity. За да избришете пребарување од одреден период, кликнете „Delete > Delete custom range“.


Исто така, можете да поставите вашата историја на пребарување автоматски да се брише со избирање „Controls“ од менито „Search history“. Потоа одберете „Web & App Activity“ и клинкнете „Auto-delete (On)".

„Google“ вели дека ако ја избришете историјата на пребарување зачувана во вашата сметка на „Google“, нема да можете да ја вратите, па затоа е важно да го имате на ум тоа кога ја бришете историјата на пребарување.