[ФОТО] „Бред Пит за сиромашни“ – Навредливи коментари за имиџот на познатиот актер за кој велат дека остарел пред време: Жените лудувале по него, еве колку се променил за само една деценија

Точка

18/09/2024

17:30

4.380

Големина на фонт

а а а

Со својот нов имиџ, тој предизвика бурни, негативни реакции на социјалните мрежи. Познатиот актер кој брзо ја освои светската публика е мета на разни коментари поради својот изглед, па меѓу другото се коментира дека и на 44 години изгледа неколку децении постаро.

Иако на светската јавна сцена жените многу почесто се изложени на негативни коментари од мажите поради нивниот изглед, актерот Крис Пајн е доказ дека спротивниот пол не е изземен од ваквите реакции.


Големиот пресврт во својот изглед Крис Пајн го претставил пред неколку месеци, на премиерата на филмот „Pool Man“ во Лос Анџелес. Промената очигледно му се допаднала, па не се откажува од подолгата коса и брада, како што покажуваат и фотографиите од Портофино каде ужива во друштво на помлада девојка.


Еве уште една сличност меѓу него и Бред Пит (60) кој е во врска со 26 години помладата дизајнерка Инес де Рамон.

Двајцата актери се споредуваат и поради нивните физички карактеристики, но не на позитивен начин и на штета на Крис Пајн, па за него на мрежите се коментира следново: „Бред Пит за сиромашни“, „Крис Пајн во својата ера на бездомник“, „Криза на средна возраст“, „Дали е ова реално?“ и „Срам ми е да кажам дека некогаш ми беше симпатија“.


Прилично остри коментари бидејќи нечиј изглед за жал е лесна мета за негативни реакции.


Сличностите меѓу Пајн и Пит не завршуваат тука, и двајцата ја обожуваат модата. Од друга страна, многумина веруваат дека Бред е уште позгоден и шармантен како што старее, а колку Крис се променил за само една деценија, покажува неговата фотографија од 2014 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг