Не се плашам од работа, мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје

Нетпрес

15/09/2024

12:26

3.219

Големина на фонт

а а а

-Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи, вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Радио слободна Европа.

Во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во Законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник.

Ѓоргиевски како „трагично“ го оцени однесувањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, бидејќи последиците од тоа ги трпат граѓаните.

-Се работи за, за жал, за конфликтна личност, без никаква менаџерска способност и човек што, покрај тоа што нема добар начин на комуникација и нема менаџерски способности, одбива да прими совет кога некој се труди да помогне за да се надмине некој проблем, рече Ѓорѓиевски.

Тој оценува дека би бил добар градоначалник на Скопје, а дали ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за оваа функција, вели дека зависи од повеќе фактори.

-Мене приоритет во моментов ми е да ги дореализирам сите проекти кои сум се обврзал пред моите сограѓани, а де-факто над 90% од проектите веќе се реализирани. Имам уште еден сет на проекти кои не сум ги ветил, но ова е животна материја, произлегле и се реализирале. Логично е секој човек да има амбиција, особено во политиката, за нешто повеќе да сработи, да остави резултати зад себе. Доколку сметаат граѓаните дека јас добро ја водам општината, ќе има анкети нашата политичка партија и доколку граѓаните и телата на партијата одлучат, мислам дека јас би бил добар градоначалник на Скопје. Не се плашам од работа и сметам дека можам многу да придонесам за Градот, истакна Ѓорѓиевски.

Целото интервју со него на Радио слободна Европа.