[ВИДЕО] Трамп: „Се согласувам со Ким. Кога некој има 112 нуклеарни ракети, добро е да се согласуваш со него“

Точка

04/10/2026

15:26

553

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „одлично се согласува“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, нагласувајќи ја важноста од одржување добри односи со лидерите на државите што поседуваат нуклеарно оружје.

Трамп ова го изјави на предизборен митинг во сојузната држава Охајо, во пресрет на изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Шји Џинпинг и бранејќи ги своите односи со лидерите на големите сили.

„Зарем не е убаво да се согласуваш со лидерите на големите држави, големите нуклеарни сили? Одлично се согласувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, порача Трамп.

Тој додаде дека е добро да бидеш во добри односи со некого кога таа личност има „112 нуклеарни проектили“.

Трипати се сретнал со севернокорејскиот лидер

Трамп во август потврди дека се надева на средба со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги поттикна шпекулациите дека би можел да се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, која доведе до три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и последната во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година.

Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и дека е подготвен да разговара со Пјонгјанг доколку тоа е во интерес на САД.


Најновите изјави на Трамп доаѓаат во момент кога Северна Кореја и натаму ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус на нуклеарна држава е „неповратен“.