Без вода дел од општина Гази Баба

Макфакс

05/10/2026

09:10

134

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и канализација Скопје соопштува дека дел од општина Гази Баба денеска ќе има прекин во водоснабдувањето поради дефект на водоводна цевка на улица Ордан Пиперката.

ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 мм. на улица Ордан Пиперката 28, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици Ордан Пиперката и дел од Жан Жорес.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.