Таткото на Анџелина Џоли јавно му се обрати на Бред Пит: „Прекини со овие глупости, на децата им е потребна стабилност“

Точка

27/08/2024

23:33

9.541

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит одлучија да се разведат во 2016 година, по наводната тепачка во авион во која, според тврдењата на Џоли, актерот ја нападнал и полил со алкохол најмалку две од нивните шест деца.

Тоа беше последната капка која ја прелила чашата во нивниот однос, кој и денес е многу бурен. Скандалите се нижат, борбата за имотот продолжува, а таткото на Анџелина Џоли сега јавно побара од Пит „да престане со глупостите“ кои ги прави по разводот.

Џон Војт упатил искрена молба до поранешниот зет, барајќи од него да ја прекине нивната 8-годишна битка за недвижнини поради нивните деца.


Во разговор за „Fox News Digital“, 85-годишниот актер изразил надеж дека поранешниот пар може да „пронајде начин да постигне мир“, особено сега кога на нивните деца им е потребна стабилност повеќе од кога било.

„Мислам дека на децата им е потребна стабилност. Ги сакам моите внуци и ја сакам ќерка ми. И сакам Бред да се потруди да го направи, знаете, она што мора да го направи. Нека прекине со овие глупости“, изјавил тој, пренесува „News“.

Горчливата разделба која започна во 2016 година, доведе до конфликт помеѓу Пит и Џоли. Целата ситуација ги погоди нивните шест деца - Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен, а дури четворица од нив го отфрлиле презимето на нивниот татко.


Инаку, Анџелина Џоли не е во најдобри односи ниту со нејзиниот татко, а Џон Војт јавно ја осуди својата наследничка поради нејзините коментари за војната меѓу Израел и Газа. Џоли го обвини Израел дека „намерно бомбардира деца, жени, семејства, им ускратува храна, лекови и хуманитарна помош“, што го прекршува меѓународното право, со кое Војт не се согласува.

Тоа е само една од низата ситуации кои влијаеле на Анџелина и Џон Војт да се дистанцираат еден од друг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг