[ФОТО] Ријана стана мета на критики по снимената реклама: „Ова треба да биде илегално“

Точка

26/08/2024

14:41

5.633

Големина на фонт

а а а

Ријана на своите социјални мрежи сподели неколку фотографии на коишто позира во природно издание, но набрзо стана мета на критики од страна на нејзините фанови.

Тие фотографии биле направени во рамки на кампањата за промовирање на нејзиниот нов производ – „Fenty Skin“ (кремите за сончање).


„Ова е ваш потсетник да нанесете крем за сончање“, напиша Ријана. Меѓутоа многумина сметаат дека на фотографиите таа лажно се претставува дека не носи шминка, и на тој начин им ја нарушува самодовербата на жените коишто ја следат.


„Треба да биде илегално продавањето на шминка со користење на „Фотошоп“ и филтери. Ова е лажна реклама“. „Да беа паметни луѓето, ќе поднесоа тужби против компанијата којашто го промовира ова“. „Ти си лош пример за младите девојки. Требаш да ги учиш како да се засакаат себеси“. „Зошто лажеш кога е очигледно дека си нашминкана“. „Прекрасна е, но очигледно е дека носи шминка“, беа само дел од коментарите под фотографиите на Ријана.


Пејачката сè уште не ги коментираше овие критиките упатени кон неа, а порано има изјавено дека целта на нејзиниот бренд е да ја промовира разноликоста кога станува збор за бојата на кожата, конфекцискиот број итн., меѓутоа во последно време Ријана е сè почесто мета на критики од фановите коишто сметаат дека таа го прави токму спротивното од она што го вели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг