Патологот кој го прегледал телото на принцезата Дијана одговорил на шокантните прашања: Она што го открил никого не остава рамнодушен

Точка

21/08/2024

17:00

11.339

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите светски форензичари, д-р Ричард Шеферд прегледал повеќе од 23.000 мртви тела. Тој е оној кој имал задача повторно да го прегледа телото на принцезата Дијана за официјалната истрага за нејзината смрт и открил некои од бизарните прашања со кои се соочувал токму поради тоа.

Имено, Дијана, и нејзиниот љубовник Доди Фајед (42) загинале во судир со нивниот мерцедес во подвозникот во француската престолнина во август 1997 година. А по втората обдукција на телото на покојната принцеза, на 65-годишниот доктор му биле поставени неколку бизарни прашања за нејзиниот изглед.


„Луѓето прашуваа: ’Дали беше убава?‘, ’Дали беше мирна?‘, „Дали беше бремена‘“, зборувал Шеперд за „Daily Mail“.

„Отсекогаш се трудев никогаш да не кажам ништо – во сите случаи од јавен интерес во кои бев вклучен – што сè се немаше појавено во печатот“.

Продолжил: „Патолошки немало докази дека принцезата Дијана е бремена, но некои жени велат дека знаеле дека се бремени од моментот на зачнување. Дали и таа беше една од нив?“.


Патологот, исто така, тврдел дека Дијана „би била тука“ на венчавките на двајцата синови – принцот Хари и принцот Вилијам, доколку носела појас. „Доколку го презела овој чекор, се верува дека би ја преживеала трагедијата на Pont de l’Alma со модринки или можеби скршена рака.

Во страшната несреќа загинал и возачот, Анри Пол, за кој се вели дека имал ниво на алкохол во крвта двапати повеќе она што е дозволено во Британија за возење под дејство на алкохол. Телохранителот Тревор Рис бил единствениот преживеан.


Поротата во истрагата на принцезата открила дека двојката била незаконски убиена и дека нивната смрт била резултат на „големото невнимание“ на Анри и папараците кои го следеле возилото на мотори.




Спонзорирани линкови

Маркетинг