Пет здравствени придобивки од консумирањето домати

Точка

14/08/2024

15:01

5.438

Големина на фонт

а а а

Доматите се неизбежна состојка на летните салати, сосовите за пасти и додаток во многу јадења. Тие се богати со влакна, витамин Ц, калиум и фолати. Неговата црвена боја потекнува од ликопенот и бетакаротенот, двата антиоксиданти одговорни за здравствените придобивки на доматите.

Го намалува ризикот од срцеви заболувања и холестерол

Срцевите заболувања се водечка причина за смртноста во светот. Но истражувачите открија дека исхраната која изобилува со домати (коишто се богати со ликопен) го намалува ризикот од добивање на срцеви заболувања.


Интересно е тоа што начинот на подготовка на доматите може да влијае врз тоа колку тој ќе биде корисен за здравјето. Овој вид на зеленчук најчесто се јаде свеж, во вид на сос или со маслиново масло. Сите овие три опции за консумирање на доматите позитивно влијаеле врз холестеролот и воспаленијата на организмот, меѓутоа кога е во прашање здравјето на срцето оние коишто доматите ги јаделе заедно со маслиново масло имале најголема позитивна промена. Истражувачите велат дека тоа е така бидејќи маслиновото масло му помага на телото да апсорбира поголеми количества ликопен.


Доматот помага во намалувањето на ризикот од канцер

Поединечни студии тврда дека луѓето коишто консумираат поголеми количества домати имаат помал ризик да заболат од канцер на белите дробови, простата и желудникот. Истражувачите веруваат дека ликопенот и бета каротенот содржани во доматите помагаат во намалувањето на ризикот од канцер. Овие два антиоксиданти покажале антиканцерогени својства во направените студии, меѓутоа диететичарката Лара Витсон, вели дека сепак е потребно да се направат сеопфатни студии на луѓето.

Позитивно влијае врз имунитетот

Една чаша сок од домат содржи 45 милиграми витамин Ц, што претставува речиси 75% од дневните потреби на една возрасна личност. Моќниот антиоксидант витаминот Ц помага во зајакнувањето на имунолошките клетки во организмот коишто се борат против инфекции и го спречуваат оштетувањето на здравите клетки. „Иако научниците имаат поделени ставови околу тоа дали витаминот Ц навистина може да спречат настинки, знаеме дека овој витамин е од суштинско значење за добро функционирање на вашиот имунолошки систем, вели Витсон.


Позитивно влијае врз подвижноста на сперматозоидите

Доматот може позитивно да влијае врз подвижноста на сперматозоидите. Во една мала студија учествувале 44 мажи кои биле поделени во три групи. Едната група во текот на 12 неделни, секој ден пиела 200 милилитри сок од домати, додека втората група консумирала капсули со антиоксиданти, а третата група била контролна. Истражувачите откриле дека групата којашто пиела сок од домати покажала подобрување кај подвижноста на сперматозоидите, што е знак за подобрување на плодноста кај мажите, а групата која консумирала антиоксиданти во капсули не покажала знаци на подобрена плодност.


Заштита од изгореници предизвикани од сонцето

Доматот не е корисен само за човечкиот организам туку и за кожата. Една студија покажала дека луѓето коишто секојдневно во текот на 10 недели, консумирале 40 грама паста од домати во маслиново масло имале 40% помалку изгореници од сонце. Истражувачите веруваат дека ликопенот во доматите помага во заштитата на кожата од штетното УВ зрачење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг