Родителите на новороденчиња честопати се соочуваат со дигестивни проблеми кај нивните бебиња. Дадилката која на социјалната мрежа „ТикТок“ се претставува како „Тhe Enchanted Nanny“, вели дека грчевите и гасовите кај бебињата се честа последица на грешките кои родителите ги прават откако ќе завршат со хранењето на бебето.
„Најлошата работа којашто можете да ја направите откако ќе го нахраните новороденчето, е да го држите „згрчено“, објасни дадилката во видеото кое има повеќе од 100.000 прегледи.
Со помош на кукла дадилката објасни што да направите за вашето бебе полесно да „подригне“. Прво советува нозете на бебето да бидат спуштени, а потоа бебето да го спуштите на своите колена со раката позиционирана помеѓу градите и стомакот на бебето.
„Така ќе го потпрете бебето, а потоа лицето на бебето ставете го помеѓу палецот и кажипрстот, што ќе го држи бебето во исправена положба“, советува дадилката.
Таа тврди дека меурчињата воздух можат да се ослободат со опуштањето на дијафрагмата на бебето, односно со триење на градите на бебето.
„Ако ова не се покаже како успешно, бебето можете да го држите преку своето рамо. Главата нека му биде потпрена на вас, а задникот нека му виси“, порачува дадилката. Додека сте во оваа положба, нежно тријте го грбот на бебето и тапкајте го за да го ублажите насобирањето на гасови во стомакот на бебето.