Во неодамнешното интервју за магазинот „Harper's Bazaar“, актерката Кејт Винслет зборувала за нејзината кариера како актерка, но и за нејзиниот нов филм.
Иако важи за една од најдобрите актерки на сите времиња, славната Кејт не крие дека во текот на кариерата се среќавала и со негативни коментари од јавноста, како и со нереалните холивудски стандарди за убавина.
Нејзиниот последен филмски проект премиерно ќе биде прикажан во кината во септември, а се работи за биографска драма наречена „Lee“. Кејт ја игра познатата фотографка и новинарка од Втората светска војна, Ли Милер.
Токму оваа улога во филмот ја поттикнала Кејт да зборува за нереалните стандарди за убавина во Холивуд. Имено, додека снимала една сцена во филмот, вели таа, член на екипата ѝ дал предлог да го сокрие стомачето пред камера.
„Има дел каде што Ли седи на клупа во бикини, а еден од членовите на екипата дојде и ми рече: ‘Можеби би требало да седиш поисправено’. ‘Значи, за да не го видиш моето сало на стомакот? Нема шанси! Намерно така седнав, знаеш!’“, изјавила Винслет и додала:
„Горда сум на мојот изглед, бидејќи тоа е мојот живот на мене, а тоа е важно. Не би ми паднало напамет да го кријам тоа. Мислам дека луѓето можат подобро отколку да кажат: ‘Можеби би сакала да направиш нешто во врска со тие брчки’. Сè попријатно се чувствувам како што одминуваат годините. Мислењата на другите сега едноставно испаруваат“.