Скопје поскапо од Приштина, поевтино од Тирана и Белград – објавена листата на најскапите градови во светот

Точка

09/08/2024

21:53

5.078

Големина на фонт

а а а

Според интернетската база на податоци „Нумбео“ врз основа на индексот на трошоци за живот, коишто таа ги објавува на секои шест месеци, градот Женева во Швајцарија имаше највисока вкупна оценка на трошоците за живот во првата половина од оваа година.

Цирих се наоѓа на второ место додека Њујорк беше на трето место, пишува „Sky News“.


Изненадување за сите коишто живеат во Лондон беше тоа што тој не се најде во првите топ 10 најскапи градови за живеење, туку годинава го зазема 13-то место. Што се однесува на другите британски градови, Единбург го зазеде 30-то место, веднаш зад Амстердам, додека Манчестер и Глазгов се наоѓаат на 53 и 54 место.


Американските градови се на врвот од листата, со Њујорк на третото место по што следуваат Сан Франциско и Бостон, на четвртото и петото место.

Главниот град на Исланд, Рејкјавик се најде на шестото место, додека остатокот од листата им припадна на американските градови, Вашингтон, Сиетл, Лос Анџелес и Чикаго.


На листата која вклучува 218 градови, Скопје се наоѓа на 160 место според трошоците за живот.

Во споредба со земјите од регионот, поевтин е животот во Приштина, Косово (195 место) и Ниш, Србија (165).

Tрошоците на живот се повисоки во земјите-членки на ЕУ, па така, Aтина е на 91 место на листата на наскапи градови, Љубљана 96 и Загреб 107. Зад нив е Тирана, град кој се најде на 114 место. Понатаму е Белград на 127, Софија 132, Подгорица 143, Aнкара 145 и Сараево 148 место.

Интересен податок е и дека според оваа листа, поевтино е да се живее во Санкт Петербург во Русија кој се наоѓа на 162 место, отколку во Скопје.


Компанијата за бази на податоци за да дојде до овие резултати, ги набљудуваше факторите како што се: цените на намирниците, ресторанските оброци, трошоците за изнајмување и вредноста на локалната валута.

Целата листа на можете да ја погледнете ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг