Таа е новата „мис“ на Америка а никогаш нема да погодите со што се занимава, сите се прашуваат дали ќе ја доживее истата судбина на претходната „мисица“ која се откажа од круната и објави морничава порака

Точка

07/08/2024

11:02

7.765

Големина на фонт

а а а

Алма Купер од Мичиген е новата „мис“ на Америка. По шокантното повлекување на победничката од 2023 година, таа стана третата жена која годинава ја освои оваа титула. Но нејзината победа е обележана со контроверзија поради тоа што, Алма работи како офицер во војската.

Алма Купер има 22 години, магистрирала во областа на „науката за податоци“ на универзитетот Стенфорд и ги победи другите 50 натпреварувачки. Конор Пери од Кентаки и Даника Кристогерсон од Оклахома го освоија второто и третото место.


„Како ќерка на работници, мигранти, горда Африканка од Латинска Америка и офицер во војската на САД, го живеам американскиот сон“, изјави Купер и додаде: „Ако нешто научив од мојот живот и мајка ми, тоа е дека околностите во кои живеете не ја определуваат вашата судбина“.

Неа ја курниса претходната „мисица“ Савана Ганкиевиц од Хаваите, којашто дојде до круната откако Ноелиа Воит од Јута се откажа од победата.

Телевизискиот настан за избор на мис ја заокружи тримесечната турбуленција за организаторите на настанот, предизвикана од ненадејното повлекување на Воит и повлекувањето на тогашната „мис тинејџерка“ на САД Ума Софиа Сиривастава од Њу Џерси.


Во текот на настанот не се споменуваа овие контроверзии, а Ганкиевиц својата тримесечна власт како „мис“ на САД ја нарече „најединствено владеење во историјата“.

Објавувајќи ја својата одлука на инстаграм во мај, Воит своето откажување го образложи со грижата за своето ментално здравје. Меѓутоа корисниците на социјалните медиуми брзо забележаа дека преку првите букви од првите 11 реченици на нејзината објава пишува „јас сум замолчена“.


Во нејзиното писмо за оставка, коешто покасно го доби CNN, се наведени наводните задоцнувања во исплатата на наградата и „токсичното работно окружување“ коешто е во најдобар случај лошо управување а во најлош малтретирање и вознемирување“. Таа тврдела дека била сексуално вознемирувана во текот на јавниот настап поради неуспехот на организацијата на „мис САД“ да обезбеди „ефикасна помошничка“.

Организаторите и матичната компанија на изборот за мис, организацијата „Miss Universe“ не одговориле на барањата за коментар на CNN.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk