Лив Тајлер е родена на 1 јули 1977 година во Њујорк како Лив Рундген, ќерка на американската пејачка и модел Бебе Буел и музичарот Тод Рунгрен, член на бендот „Utopia“.
Меѓутоа, ѕвездата од трилогијата „Lord of the Rings“ не знаела дека нејзината мајка кон крајот на 1976 година имала кратка романса со Стивен Тајлер и дека таа всушност е родена како резултат на таа врска.
Тод ја прифатил улогата на татко на малата Лив, а во договор со нејзината мајка сакале да ѝ соопштат кој е нејзиниот вистински татко кога ќе наполни 18 години.
Актерката вистината за биолошкиот татко ја открила претходно, и тоа не од мајка си и Тод, туку сосема случајно.
Имала 8 години кога следела концерт на групата „Aerosmith“ и ја забележала неговата втора ќерка, 17 месеци помладата од Лив, Миа и неверојатната физичка сличност со неа.
„Сфатив сè бидејќи изгледав како него. Имам сестра Миа која е една година помлада од мене и ја видов како стои покрај бината на неговиот концерт – мислев дека гледам во моја близначка. Изгледаше буквално како мене. Погледнав во мајка ми, а таа имаше солзи во очите. Тогаш ми стана јасно сè“, зборувала Лив.
По концертот ја прашала мајка си и таа ѝ потврдила дека нејзините сомнежи се точни.
Лив Тајлер подоцна признала дека почувствувала многу длабока врска со нејзиниот татко штом го запознала и развиле близок однос.
„Кога дознав дека Стивен е мојот татко, тоа беше многу важен момент, речиси духовен“, своевремено признала Лив.
Во 1991 година, таа одлучила да го земе презимето на нејзиниот татко и така станала, денес на сите позната, Лив Тајлер.
Лив Тајлер се појавила во спот на „Aerosmith“ за песната „Crazy“ во 1993 година, а следно кога ги изведувале песните во филмот „Armageddon“ во кој Лив ја играла главната улога.
Односот на Лив и Стив често ги полни насловните страници на светскиот печат поради нејзината бизарност. Имено, освен што повеќепати се забележани како се бакнуваат во уста на црвениот тепих, една изјава на легендарниот рокер ќе остане засекогаш запаметена.
Имено, новинарот Гевин Едвардс е еден од најуспешните автори на „The New York Times“, има напишано 13 книги, а во една од нив се занимава со откриените озборувања, митови и мистериите на светот на познатите кои дотогаш најмногу го разбранувале светот.
Меѓу различните приказни, била и онаа на Стивен Тајлер.
„Дали Стивен Тајлер смета дека е соодветно да чувствува привлечност кон својата ќерка Лив?“, гласело прашањето во неговата книга.
„Тоа е едно од прашањата кои не би се осудиле да ги поставите во интервју, во случај соговорникот да се навреди или да ја спушти слушалката. Но, кога го прашав тоа Тајлер, тој одговори: „Да, секако“.
„Како може таткото да не биде привлечен од сопствената ќерка? Особено кога таа е спој помеѓу него и жената која ја сакал? Освен ако станува збор за грд маж, таткото секогаш ќе чувствува сексуална привлечност кон својата ќерка, на одредено ниво“, изјавил Стивен.
„Значи, тврдите дека инцестот се темели на суета?“, било следното прашање на Гавин.
„Да, секако. Постои одредено ниво на нарцизам во инцестот. Мажот мора да биде потполно искрен кон себе и може да го види тоа. Меѓутоа, вистински маж знае дека тоа е место во кое никогаш не навлегува. Наместо тоа, ѝ говори на ќерка си колку е прекрасна и колку е скапоцено Божјо дете. Постојат начини за љубов, а да не се води љубов. Ја напишав „Janie’s Got a Gun“ за татковците кои не ја знаат разликата“, заклучил пејачот.
Лив Тајлер, исто така, одржува блиски односи со Рундгрен.
„Многу сум му благодарна, имам многу љубов кон него. Знаете, кога ме прегрнува се чувствувам како да ми е татко. А тој е многу заштитнички настроен и јак.