Не, не станува збор за сода бикарбона. Душеците и перниците можат да пожолтат од пот, но оваа евтина состојка која сите ја имаме дома, може да ги отстрани флеките за кратко време.
Понекогаш некои класични производи што ги користиме за одредена цел всушност имаат повеќе функции. Имено, се покажа дека производ кој го користиме за козметички цели ги чисти и дамките.
Станува збор за пена за бричење која ги чисти жолтите дамки од душеците и перниците. Така вели експертот за чистење Лин Ниланд.
Во видеото, Лин покажува како нанесува пена за бричење над дамката на нејзиниот душек. После тоа, го остава душекот да отстои со пената еден час и ги брише остатоците со влажна крпа од микрофибер.
„Пената за бричење содржи активни состојки кои ги отстрануваат дамките, емулгатори кои ги отстрануваат маслата и средства за пенење кои исто така помагаат да се отстранат дамките“, вели Лин.
„Течностите се апсорбираат во душекот, а кремата за бричење со пена содржи денатуриран алкохол, кој отстранува дамки, и е густ, па седи на површината за да делува на дамката“
Некој во коментарите изјавил дека пената за бричење ја користи за чистење на подот во бањата и дека потоа нема непријатни мириси, пишува „Huff Post“.