Една мајка предупредува: Од автомобилското детско седиште почна да излегува чад, внимавајте!

Точка

12/07/2024

14:55

5.446

Големина на фонт

а а а

Родителите несомнено се грижат за безбедноста на детето, вклучувајќи го и седиште во автомобилот. Сепак, Емили Перна не помислила дека може да се случи ситуација каква што доживеала таа. Имено, станува збор за ретровизори кои родителите обично ги поставуваат од спротива на детското седиште во автомобилот и ги користат за да можат да видат што прават нивните деца кои се свртени наназад додека возат.

Перна на Фејсбук предупреди за ситуацијата што може да им се случи на многумина за време на топлото време.


"Денес го вадев Лука од седиштето и забележав дека сонцето се рефлектира од огледалото кое е поставено за да го гледаме, од спротива на неговото седиште и неговото седиште почна да чади. Тоа се случи толку брзо. Бев шокирана бидејќи никогаш не сум слушнала дека тоа може да се случи", таа напиша во објава која ја сподели 347 илјади пати.

I'm posting this to maybe help another mother out in the heat this summer. I was unloading Luca out of his car seat...

Posted by Emily Perna on Wednesday 12 June 2024

Перна вели дека пламенот не се појавил, но сега е свесна дека тоа е можно и кога е многу жешко сетоа тоа се случува за многу кратко.

Џен Сакстон, техничар за безбедност на деца, изјави за „Today“ дека во нејзините 15 години работа, ова е првпат да слушне дека огледалото за бебиња предизвикува пожар на автомобилско седиште.

„Верувам дека тоа е исклучително ретка ситуација“, коментира таа.


Во спротивно, доенчињата и малите деца треба да возат свртени наназад колку што е можно подолго, додека децата не ја достигнат максималната тежина или висина дозволена од производителот на автомобилските седишта, според упатствата на Американската академија за педијатрија. Користењето на автомобилски седишта го намалува ризикот од смрт и повреди за повеќе од 70 проценти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk