Ова е десертот со кој Синди Крафорд секој ден го завршува ручекот: Многумина го заобиколуваат, а изобилува со минерали и антиоксиданти

Кармин

08/07/2024

19:37

6.426

Големина на фонт

а а а

„Тоа е порака до моето тело дека оброкот е завршен“, го објасни американската убавица во една прилика својот необичен ритуал.

Кога станува збор за слатките, често е тешко да им се одолее, а штом ќе почнеме да ги јадеме, уште потешко е да застанеме.

Добро ги знаеме последиците: покачен шеќер во крвта, дебелина поради високиот внес на калории и без хранливи материи, масна кожа и низа други проблеми, но има еден десерт кој експертите често го препорачуваат како пожелен во исхраната.


Американскиот супермодел Синди Крафорд исто така е еден од големите обожаватели на оваа намирница, а станува збор за темното чоколадо.

Една од жените кои со својата убавина ги одбележаа 90-те, а која и денес доминира на модните писти, своевремено на профилот на „Meaningful Beauty“ на социјалната мрежа „X“ напиша дека „парче темно чоколадо е нејзиното секојдневно уживање“.

„На крајот од ручекот секогаш земам мало парче темно чоколадо. Тоа е порака до моето тело дека оброкот е завршен“, изјави Синди Крафорд за „The Cut“.

Зошто треба да јадете темно чоколадо?

И научните истражувања покажаа бројни предности од консумирањето на овој десерт, кој има голем удел на какао и обезбедува многу антиоксиданти и минерали.

Според медицинската платформа „Healthline“, една табла од 100 грама темно чоколадо, кое има 70-85% какао, содржи:

-11 гр. влакна
- 66% од препорачаната дневна доза на железо
- 57% од препорачаната дневна доза на магнезиум
- 196% од препорачаниот дневен внес на бакар
- 85% од препорачаната дневна доза на манган

Покрај тоа, изобилува со калиум, фосфор, цинк и селен.


Секако, нема секој ден да јадете по 100 грама бидејќи дури и „здравото“ чоколадо има многу шеќер и калории во оваа количина, но секогаш е поздрава опција од обичните слатки. За среќа, ниту најголемите сладокусци не можат да изедат многу од него бидејќи заситува и малку е погорко од млечните варијанти.

И мастите во темното чоколадо, исто така, одат рака под рака ако внимавате на вашата фигура и здравје. Во најголема мера, тука е олеинската киселина која има докажано благотворно дејство на кардиоваскуларното здравје, потоа стеаринската киселина која има неутрализирачко дејство на холестеролот и палмитинската киселина.

Темното чоколадо содржи и полифеноли, флаваноли и катехини, а некои истражувања покажаа дека антиоксидантите од темното чоколадо можат да помогнат во намалувањето на некои облици на „лошиот“ холестерол кога се комбинираат со какао и бадеми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk