[ФОТО] После две години Ана Курникова конечно се огласи на „Инстаграм“: Главниот ‘виновник’ е Енрике Иглесијас

Кармин

19/06/2024

19:56

13.913

Големина на фонт

а а а

Поранешната руска тенисерка Ана Курникова минатиот викенд пријатно ја изненади јавноста објавувајќи фотографија од своето семејство на својот инстаграм-профил.

„Среќен Ден на татковците на мојот човек Енрике Иглесијас! И на сите татковци!!!“, напишала Ана и предизвикала прекрасни коментари под нејзината објава.


Ана и Енрике се заедно од 2001 година, имаат три деца, но никогаш не се венчаа.


„Никогаш навистина не мислев дека бракот ќе значи нешто. Не можеш да сакаш некого поради парче хартија. Во денешно време не е табу-тема да имаш деца и да не си во брак“ изјавил своевремено познатиот латино-пејач.


Ана и Енрике, инаку, го чуваат својот приватен живот за себе, далеку од очите на јавноста. Токму поради тоа, овој нејзин потег нивните обожаватели го дочекаа како вистинско освежување, па ја опсипаа со комплименти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk