[ФОТО] Како принцеза: Анџелина Џоли се појавила на црвениот тепих во раскошен фустан, ја покажа и новата тетоважа

Кармин

17/06/2024

16:04

7.398

Големина на фонт

а а а

Славната Анџелина Џоли ја освои една од најпрестижните награди во својата кариера на вчерашното доделување на театарските награди Тони во Њујорк, како продуцентка на претставата „The Outsiders: A New Musical“.

За оваа посебна вечер, актерката се појавила во кадифена кринолина составена од корсет и широко лелеаво здолниште кроено по нејзина мерка, а прекрасната креација доаѓа од брендот „Versace“.


Со неа, прекрасната Анџелина носела и наметка од истиот материјал и во истата боја, а доза на отменост влела и со внимателно одбраниот, дискретен накит.

Џоли во оваа прилика ја покажа и новата тетоважа на средина на градите, во облик на мала птица во лет која симболизира слобода.


На доделувањето на наградите се појавила со ќерката Вивиен (15) која ја мотивирала да ја прифати продуцентската работа во оваа претстава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk